|
Дали знаете што е заедничко помеѓу Aеродромот McKinely и ITIL v3? итСМФ Македонија,локална организација членка на itSMF International од 2007, организира еднодневна работилница - ITIL v3 со цел да се развијат и промовираат добрите практики во ITSM (IT Service Management). За време на работилницата ќе се укаже на важноста од добра комуникација меѓу бизнис заедницата и примателите на ИТ услугите базирани на ITIL концептот. Целта на оваа еднодневна работилница е да на популарен начин ја покажеме важноста на ITSM во организациите, како и да и се укаже на бизнис заедницата што е она што е потребно на пазарот од аспект на IT услугите. За време на работилницата, исто така, ќе се презентира ITIL v3 Service Lifecycle фокусирајќи се на клиентот за поддршка на IT услуги. Агенда Работилницата ќе се одвива со два главни дела. Првиот дел ќе се фокусира на ITIL V3 сервисниот циклус, презентирајќи ги главните процеси, улоги и одговорности за поддршка на клиентите. Во вториот дел од работилницата делегатите ќе бидат активно вклучени во процесот на ITIL симулација преку играта наречена " Аеродром МеКинли”. Целта на симулацијата е да подобро се разберат и конкретно употребат ITIL процесите преку така наречениот метод “learn by doing” . Со цел зголемување на знаењето за ITIL, itSMF Македонија ќе ги ко-финансира трошоците на работилницата, што значи дека цената за учесниците ќе изнесува само: Ä 1.900 денари за членови на итСМФ Македонија Ä 3.900 денари за оние кои не се членови на итСМФ Македонија Плаќањето е по профактура најдоцна до 26 март, 2010. итСМФ Македонија не е даночен обврзник, и цените се крајни. Работилницата ќе се одржи во просториите на МИТ Универзитет (во истата зграда со Американски Колеџ, после зградата на Раде Кончар) бул Трета Македонска Бригада бб. itSMF ќе организира две работилници и тоа првата на 29 Март 2010 (понеделник) и втората на 30 Март 2010 (вторник) од 09 до 17 часот. Заинтересираните кандидати треба да пополнат регистрација и истата да ја достават на
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
. Краен рок за пријавување е 25 Март 2010. Поради ограничениот број на учесници оние кои ќе се пријават први ќе имаат предност за учество на работилницата – максимум 30 во група. За повеќе информации поврзани со Работилницата ITIL v3 контактирајте со Васил Грозданоски на
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
или на 078-443-663. [Апликациска форма ] [Спонзорски пакет ] |