|
13.05.2010. |
|
Почитувани членови на itSMF Македонија,
Ве покануваме да земете активно учество на вонредното годишно собрание на итСМФ Македонија, со цел усогласување на организацијата со новиот закон за Здруженија и Фондации (Службен Весник на РМ 52/2010).
Дневен ред:
1. Основање на Здружение “итСМФ Македонија 2007”
2. Згаснување на Стопанска Комора за Сервиси во информатичките технологии “итСМФ Македонија”
3. Коктел
III Годишно Собрание на итСМФ Македонија ќе се одржи на 8-ми јуни 2010, со почеток од 18:00 часот во просториите на МИТ Универзитетот.
Во очекување на уште едно успешно Годишно Собрание. |